Повеќе за нас

Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем.  Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.

Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои над 5.500 вработени и 80 принципали, на 12 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.

Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Johnson&Johnson, Baby Food Factory, Jamnica, Dijamant, Chips Way. Duracell.

Опис на работно место

  • Испорака на роба на купувачот со доставно возило според фактурата по дефинирана рута за движење на возилата
  • Одржување на хигиена на товарниот простор и кабина на возилото за кое е задолжен
  • Визуелен преглед на секое возило наутро и пријава на сите кварови
  • Задолжувања и раздолжувања на документи товарен лист, фактура, патен налог, документ за роба,повратници...)
  • Помош на нововработените во совладување на задолженијата, процедурите и правилата на работното место и компанијата

Барања

 

  • Основни услови: ССС 
  • Корпоративни компетенци: Долгорочна перспектива, Иновативност, Лична одговорност, Грижа за луѓе, Победнички менталитет
  • Општи компетенци: Задолжитeлно поседување на возачка дозвола Ц категорија

Ви нудиме

  • Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
  • Работно време од понеделник до петок од 06:00 до 14:00 часот 
  • Конкурентна основна плата и бонус по модел на продуктивност
  • Квартални награди за најдобрите работници
  • Исплата на минат труд и годишен регрес
  • Организиран превоз и надомест за превоз
  • Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
  • Погодности за купување со попуст и на рати
  • Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
  • Годишен одмор определен согласно Закон за работен однос
  • Одлична работна атмосфера и работа со најсовремена технологија
  • Единствени на пазарот со систем на дигитална достава
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности.
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
  • Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на балканот и на афричкиот континент

Технички вештини

  • Достава

Бенефиции

Платени спортски активности Обука & образование Организиран превоз