Повеќе за нас

Кои сме ние?

Со 30 години развој, Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем.  Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.

Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 12 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.

Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Baby Food Factory, А1 Makedonija, Bau Center.

Опис на работно место

  • Остварување на продажните цели и унапредување на продажбата
  • Позиционирање на производите во категоријата согласно  пропишаните стандарди на принципалите.  Надополнување  и одржување на оптимални залихи на полиците, грижа во врска со квалитетот на производот (рок на траење) и изгледот на  изложбено-продажниот  објект на  клиентите.          
  • Merchandising: поставување и одржување на ПОС материјали, со цел да се подобри видливоста и да се зголеми продуктивноста, почитувајќи ги пропишаните стандарди на клиентите.  Имплементација и координација на договорените маркетинг активности (секундарни места  на изложување, комуницирање на  специјални понуди ...).
  • Промоција на производ: едукација на крајните потрошувачи и промовирање на брендови во согласност со добиените информации.

Барања

  • Основни услови: ССС или ВСС 
  • Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
  • Функционални компетенции : Решавање на проблеми, Комуникација, Поставување на приоритети
  • Општи компетенции : Возачка дозвола Б категорија, познавање на работа со компјутер, познавање на англиски јазик

Ви нудиме

  • Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот 
  • Годишниот одмор определен согласно Закон за работни односи
  • Одлична работна атмосфера
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
  • Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на афричкиот континент
     
    Кандидатот е потребно да поседува подготвеност и страст за предизвици со кои ќе се соочи во првите 6 месеци бидејќи компанијата нуди динамична и мотивирачка средина!

Бенефиции

Платени спортски активности Обука & образование