Повеќе за нас

Кои сме ние?

Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем.  Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.

Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 5.500 вработени и 80 принципали, на 12 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.

Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Chips Way, Duracell, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Baby Food Factory, Johnson&Johnson, Jamnica, DIjamant.

Опис на работно место

Опис на работната позиција: 

  • Управување со виљушкар за манипулација со палети (прием, испорака, утовар или празни палети) во кругот на магацинот, а во согласност со поставениот план, процедури и по налог на претпоставениот.
  • Пополнување соодветни записи за исправноста на виљушкарот согласно дефинираните одговорности во процедурата за одржување на електрични виљушкари
  • Одржување на хигиена на виљушкарите и магацинскиот простор.
  • Одржување на високо ниво на соработка со останатите тимови и сектори во компанијата

 

Барања

  • Основни услови: ССС  
  • Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа и развој на луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
  • Општи компетенции: Лиценца за управување со виљушкар и искуство во магацинско работење

Ви нудиме

  • Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
  • Работно време од понеделник до петок од 06:00 до 14:00 часот прва смена и од 14:00 до 22:00 часот втора смена
  • Конкурентна основна плата
  • Исплата на минат труд и годишен регрес
  • Организиран превоз и надомест за превоз
  • Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
  • Погодности за купување со попуст и на рати
  • Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
  • Годишен одмор определен согласно Закон за работен однос
  • Обезбедена HTZ опрема
  • Одлична работна атмосфера и работа со најсовремена технологија
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности.
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
  • Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на балканот и на афричкиот континент

Бенефиции

Платени спортски активности Организиран превоз Тренинзи