Повеќе за нас

Со 30 години развој, Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем.  Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.

Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 5.500 вработени и 80 принципали, на 12 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.

Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Johnson&Johnson, Chips Way, Jamnica, Dijamant, Baby Food Factory, Duracell.

Опис на работно место

 

  • Остварување на продажните цели и унапредување на продажбата
  • Shelving/merchandising – Изложување и следење на залиха на производите во соодветна категорија
  • Продажба на производи во согласност со постоечките работни упатства и правила
  • Развој и унапредување на иницијативите согласно претходно поставени цели и насоки
  • Унапредување на вештините, примена на вештини, посветеност за подобрување на продажбата во одредена област.
                                   

Барања

  • Основни услови: ССС 
  • Корпоративни компетенци: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
  • Општи компетенци: Возачка дозвола Б категорија, познавање на работа со компјутер, познавање на англиски јазик

Ви нудиме

  • Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот
  • Дополнителен бонус согласно остварувањето на месечните цели
  • Исплата на минат труд и годишен регрес
  • Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
  • Поволности за купување со попуст и на рати
  • Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
  • Годишен одмор определен согласно Закон за работни односи
  • Одлична работна атмосфера
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
  • Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на афричкиот континент
     
    Кандидатот е потребно да поседува подготвеност и страст за предизвици со кои ќе се соочи во првите 6 месеци бидејќи компанијата нуди динамична и мотивирачка средина!

Бенефиции

Здравствено осигурување Платени спортски активности Обука & образование